КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како сексот да ви трае подолго

Во просек, мажите достигнуваат климакс по 5 до 15 минути, а би сакале да издржат многу подолго во сексуалниот чин. Ова е особено важно поради тоа што добриот сексуален живот е една од основите на успешната и среќна врска.

Во просек, мажите достигнуваат климакс по 5 до 15 минути, а би сакале да издржат многу подолго во сексуалниот чин. Ова е особено важно поради тоа што добриот сексуален живот е една од основите на успешната и среќна врска. За среќа, постојат начини на кои можете да го продолжите искуството и полесно да ја задоволите својата партнертка.

Повторувањето е мајка на знаењето

Здравата навика за мастурбирање може во голема мера да го пролонгира сексуалниот чин. Кога мастурбирате, обидете се да го одложите оргазмот колку што е можно подолго. Кога ќе насетите дека се ближите кон климакс, застанете и обидете се да не ејакулирате. Повторувајте го процесот колку што можете подолго. Со тек на време, вашето тело ќе се навикне и вие ќе имате поголема контрола врз оргазмите.

Предигра

За голем дел од жените, предиграта е најдобриот дел од сексот. Тие многу полесно можат да доживеат оргазам при орален секс или за време на предиграта, отколку во текот на пенетрацијата. Ставете ги нејзините потреби на прво место. Откако ќе ја задоволите, многу лесно може да се случи да не забележи дека прерано сте ејакулирале или пак нема да ѝ биде грижа. 

Одете на втора или дури и трета рунда

Откако прерано сте ејакулирале, обидете се да не заспиете и фокусирајте се на подготовките за втората рунда. Мажите можат да издржат многу подолго по доживеаниот оргазам, бидејќи потешко се надразнуваат. Обидете се да ја задоволите партнерката во вториот обид, доколку првиот бил неуспешен.

Спорт

Многумина не знаат дека редовната спортска активност може во голема мера да го подобри сексуалниот живот. Не само што ќе бидете поздрави и во подобра физичка форма, туку и многу подобро ќе го запознаете своето тело и ќе имате полна контрола врз мускулите, а со тоа и врз моментот на ејакулација.

Сексот треба да биде бавно искуство

Кога сексот е брз, мажите многу полесно се надразнуваат, а им е многу потешко да го контролираат оргазмот. Поради тоа, вашата партнерка треба да биде одозгора кога имате секс, за таа да може да го контролира темпото. Побавниот ритам значи дека и оргазмот ќе биде побавен. Исто така, мажите потешко можат да доживеат оргазам кога пенисот е свртен нагоре.

Размислувајте позитивно

Ако премногу се грижите за прераната ејакулација, тоа не само што нема да ви помогне, туку и ќе ја влоши ситуацијата, бидејќи постојано ќе бидете подложени на поголем стрес. Затоа, трудете се постојано да размислувате позитивно пред и за време на сексуалниот чин. Останете смирени, менувајте ги позите и темпото и не мислете на ејакулацијата.