КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најголеми ризици за здравјето на мажите

Лекарите секогаш ќе Ви кажат дека превенцијата е најдобар начин за борба со болестите. Затоа, следуваат неколку совети со кои мажите можат да се справат со најголемите ризици по нивното здравје.

Лекарите секогаш ќе Ви кажат дека превенцијата е најдобар начин за борба со болестите. Затоа, следуваат неколку совети со кои мажите можат да се справат со најголемите ризици по нивното здравје.

Срцеви заболувања

Срцевите заболувања се најголема закана за здравјето на мажите. За да го подобрите своето здравје, едноставно подобрете ги навиките:

- Не пушете! Ако пушите, направете сѐ што е во ваша моќ да се откажете. Во крајна мера, побарајте помош и од лекар. Важно е и да не се изложувате на пасивно пушење. - Хранете се здраво! Внесувајте повеќе зеленчук, овошје, зрнести плодови, храна богата со растителни влакна и храна богата со протеини (риба). Намалете ја храната полна со заситени масти и сол. - Зголемете ја физичката активност! Започнете со секојдневно вежбање, без разлика дали е тоа некој спорт или пак режим на вежби. - Намалете ја конзумацијата на алкохол! Кога пиете алкохол, правете го тоа во умерени количини. Прекумерното пиење го повишува крвниот притисок. - Справете се со стресот! Постојаниот стрес го нарушува здравјето. Презмете ги сите потребни чекори за да го контролирате.

Хронични респираторни болести

Мажите многу често страдаат од хронични респираторни болести. За да го заштитите респираторниот систем, преземете ги следните чекори:

- Откажете се од цигарите! Цигарите директно влијаат врз нарушување на функцијата на белите дробови. Уште кога ќе ги оставите ќе почувствувате подобрување во здравјето. - Избегнувајте го загадениот воздух! Поминувајте колку што можете повеќе време на чист воздух, во природа. - Чувајте се од инфекции на респираторниот систем! Редовно мијте ги рацете и примајте вакцина против грип секоја година.

Мозочен удар

Некои од ризичните фактори кои доведуваат до мозочен удар не можат да се контролираат (генетиката), но можете да го ограничите влијанието на факторите врз кои имате контрола:

- Грижете се за хроничните заболувања! Ако сте соочени со покачен холестерол или повишен крвен притисок, следете ги инструкциите што сте ги добиле од лекарите. Ако имате дијабетес, држете го нивото на шеќерот во крвта под контрола. - Подобрете ги навиките! Избегнувајте храна полна со масти и шеќери и започнете со редовна физичка активност. Ако имате зголемена телесна тежина, намалете ја. - Ограничете го внесот на алкохол! - Не пушете!

Рак

На појавата на ракот влијаат многу фактори. На дел од нив не можете да влијаете, но секако можете да го намалите ризикот од појава на најчестите типови рак кои се појавуваат кај мажите: на белите дробови, на кожата, на простатата и на дебелеото црево.

- Одржувајте ја телесната тежина во нормални граници! Зголемената телесна тежина носи со себе ризик од повеќе болести, но и го помага развојот на ракот. Затоа, секогаш држете ја во границите на нормалата според Вашата телесна градба. - Движете се! Не само што физичката активност ќе Ви помогне во борбата со килограмите, туку сама по себе го намалува ризикот од одредени видови рак. - Внесувајте многу овошје и зеленчук! Здравата храна не гарантира превенција од рак, но значително го намалува ризикот од неговата појава. - Заштитувајте се од сонцето! Штом сте на отворено, покријте го телото со облека, а деловите што се изложени на сонцето, заштитете ги со масло или крем за сончање.

- Не пушете! Тутунските производи се директно поврзани со појавата на рак на белите дробови. Нивното избегнување значително ќе го намали ризикот од појавата на оваа болест.