КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да слабеете без диети

Слабеење без диети? Звучи премногу добро за да биде вистинито? Не е. Не ви е потребна стриктна диета за да почнете да ја намалувате телесната тежина. Овие едноставни промени во животот сигурно ќе ви помогнат да ги намалите килограмите:

Слабеење без диети? Звучи премногу добро за да биде вистинито? Не е. Не ви е потребна стриктна диета за да почнете да ја намалувате телесната тежина. Овие едноставни промени во животот сигурно ќе ви помогнат да ги намалите килограмите:

1. Научете да ги читате етикетите

За да ослабете, клучно е да научите да внимавате на етикетите на прехранбените производи. Броењето калории е невозможно без оваа вештина. Треба да знаете што содржи секој производ и колкава е препорачаната порција. Споредбата на етикетите од различни производи, исто така е многу важно за слабеењето.

2. Пронајдете здрави ужинки

Можете да спречите прејадување и да го одржите нормалното ниво на шеќер во крвта, ако јадете нешто на секои три часа. Доколку премногу огладните, тоа може да има контраефект при слабеењето. Пронјдете здрави ужинки кои ќе ве заситат на одреден период, како што е јаболко или обезмастено сирење. Ако се храните мудро, јадењето повеќе всушност може да биде помалку.

3. Јадете повеќе зрнеста храна, зеленчук и овошје

Интегралните житарки, зеленчукот и овошјето обезбедуваат цела серија хранливи материи, но прават и многу повеќе за вашето здравје одошто мислите. Природно имаат ниска калорична вредност, па можете да изедете повеќе, а сепак да слабеете. На тој начин ќе ви остане помалку место за нездрава храна. Дополнително, тие се богати со растителни влакна, кои подолго време одржуваат чувство на ситост.

4. Пијте вода

Водата може да ви помогне при слабеење на повеќе начини. Пиењето вода всушност може да го олесни проблемот со подување на стомакот. Кога ќе ги замените пијалаците со многу калории (како што се газираните сокови) со вода, можете да намалите стотици калории од вкупниот внес. Не треба да чекате да почувствувате жед за да се напиете вода, најмногу затоа што телото, понекогаш, може да го прочита тој знак како глад, што пак често води до прејадување, кога немате реална потреба од храна.

5. Раздвижете се

Речиси е невозможно да слабеете и да се задржите на идеалната тежина без редовно вежбање. Започнете веднаш, со куса прошетка или возење велосипед. Започнете од 10 минути дневно и постепено зголемувајте до 30-40 минути на ден, неколку дена во неделата. За кусо време, ќе забележите дека телесната тежина полека се намалува.