КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Со спиење до подобро здравје

До сега сите ги научивме поволностите од добриот и редовен сон – спиењето ни помага да ја подобриме концентрацијата, ни го подобрува расположението и го стабилизира здравјето. Но, сте знаеле ли дека спиењето, исто така, е клуч за младешкиот изглед?

До сега сите ги научивме поволностите од добриот и редовен сон – спиењето ни помага да ја подобриме концентрацијата, ни го подобрува расположението и го стабилизира здравјето. Но, сте знаеле ли дека спиењето, исто така, е клуч за младешкиот изглед?

1. Ќе им изгледате попривлечно на другите

Во една студија од 2010 година, група шведски научници испитувале дали луѓето кои спијат недоволно се гледани од околината како помалку здрави, помалку привлечни и позаморни од наспаните луѓе. Испитаниците биле двапати фотографирани. Еднаш наспани, еднаш по период на неспиење од 31 час. Потоа фотографиите ги оценувале 65 нетренирани набљудувачи. Без исклучок, ненаспаните луѓе биле оценети како помалку привлечни, помалку здрави поизморени.

2. Подобра физичка форма

Спиењето ви помага да ја менаџирате телесната тежина. Постојаното спиење помалку одошто ви е потребно, води до постепено и сигурно зголемување на телесната тежина. Таа тежина сигурно влијае на начинот на кој другите луѓе ве гледаат, но и на начинот на кој се гледате себеси. Потоа, разочарувачкиот изглед во сопствените очи ќе доведе до пад на мотивацијата и ќе дојде до дополнително покачување на килограмите.

3. Сјајна кожа

Кожата расте кога спиеме, речиси 30 пати повеќе одошто кога сме будни. Сте ги забележале темните кругови под очите кога не сте наспани? Кожата на некој што здраво спие е поеластична и посјајна. Колку повеќе спиете, толку поубава ќе ви биде кожата.

4. Побрзо движење и учење

Умот и телото учат нови работи кога спиеме. Учењето вечерта пред важен испит и доброто наспивање значително ќе ви ги подобрат шансите да положите, затоа што полесно ќе го запомните новиот материјал, отколку ако останете над книгата цела ноќ.

5. Се подмладувате

Хормонот за растење најмногу се излачува кога спиеме, поточно во длабокиот сон. Овој хормон е апсолутно неопходен за младешкиот изглед. Кога го има во помали нивоа, изгледате постаро, поизморено, помалку здраво...