КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Зошто децата мора да легнуваат порано?

Одамна е познато дека на децата им треба многу повеќе сон. Прочитајте зошто е неопходно децата да легнуваат ноќе порано и како тоа влијае врз нивниот развој и успехот во училиште...

Одамна е познато дека на децата им е потребено многу повеќе сон. Прочитајте зошто е неопходно децата да легнуваат ноќе порано и како тоа влијае врз нивниот развој и успехот во училиште...

Истражувањето што во САД го спровела Ерика Гејлор на 8000 деца е најголемата ваква студија досега. Имено, слични претходни истражувања порано се правеле на помали групи деца на школска возраст. Студијата на Е.Гејлор вклучила родители и нивните деца на возраст од 9 месеци до 4 години.

Кои се откритијата од ова истражување?

1. Порано легнува - подобар ученик Родителите кои настојуваат нивните деца да одат на спиење секој ден во исто време, придонесуваат за подобар ментален развој на нивното дете. Имено, во текот на ноќта, мозокот не се одмора, туку ги складира во него сите информации собрани низ денот.

Ова е објаснувањето зошто повеќе паметиме ако сме наспани. Редовниот и квалитетен сон, истотака им помага на децата подобро да ги совладуваат лекциите. 2. Наспаните деца се попаметни Националниот истражувачки институт на Калифорнија, открил дека децата кои имаат востановено одредена рутина на спиење, постигнуваат подобри резултати во:

  • восприемање,
  • јазично изразување,
  • фонолошка свест,
  • литература и,
  • основни математички вештини.

3. Сонот е важен фактор во развојот на детето Фактот дека родителите воспоставиле рутина на спиење, може да има големо влијание врз детската способност за јазично изразување – вели Ерика Гејлор. Таа утврдила дека децата кои одат на училиште, а кои спијат помалку од препорачаното време за спиење, достигнуваат послаби резултати по литература и математика.

Затоа, погрижете се Вашето дете да спие најмалку 8 часа на квалитетен детски душек, со што ќе придонесете за подобро ментално развивање и поголем успех.