КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Важноста на навлажнувачите на воздух за здравјето

Навлажнувачите на воздух играат огромна улога во одржувањето на доброто здравје, особено во зимските месеци, кога влажноста во затворените простории може да падне под 35%.

Познато е дека последиците од сувиот воздух можат да бидат – сува кожа, испукани усни, иритации на респираторниот систем, астма и потешки воспаленија.

Добрата влажност на воздухот е уште поважна за малите деца и особено за бебињата.

Кога воздухот се суши, доаѓа и до сушење на слузокожата во усната и носната празнина, како и бронхиите во белите дробови, што значително го отежнува дишењето. Бебињата чија слузокожа ќе се исуши имаат огромни потешкотии при дишењето и стануваат подложни на инфекции и иритации.

Исто така, се намалува и капацитетот на имунолошкиот систем, затоа што е потребна добро навлажнета слузокожа за организмот да може да се справи со нападот од бактериите и вирусите, особено во ранливиот период од раното детство.

За да го заштитите своето бебе, неопходно е да набавите навлажнувач на воздух, кој ќе биде подесен на оптимални, од 35 до 55% влажност.

Педијатрите особено ги препорачуваат навлажнувачите со ладна пареа, кои пареата ја создаваат со вртење на диск, наместо со загревање на водата.

Причината зошто овие навлажнувачи се подобри е фактот што кога користите навлажнувач со ладна пареа, се избегнува евентуалната опасност од истекување на жешка вода или случаен контакт на жешката пареа со кожата на бебето.